Над 100 граѓан(к)и му пристапија на Инфо штандот на ЦИВИЛ

Над 100 граѓан(к)и му пристапија на Инфо штандот на ЦИВИЛ од 12 до 13:30 часот. Тие се информираа за своето гласачко право и подигнаа примероци од информативните материјали и публикациите кои беа на располагање. Неколку граѓан(к)и веднаш искажаа интерес да пријават нерегуларности и кршење на гласачкото право на формуларот кој беше достапен и во печатена форма, како што е и онлајн, на веб-страницата Слободни избори.

Дел од посетителите на штандот потпишаа и изјави за поддршка на ЦИВИЛ, што е прв чекор кон активирање во ЦИВИЛ, со можност, но не и обврска за зачленување.

ЦИВИЛ ќе поставува Инфо штандови за слободни избори четири пати неделно по еден час и половина на различни локации во Скопје. Следниот Инфо штанд ќе се отвори во вторник.

За фотографии, кликнете ТУКА.

Оваа вест е достапна и на: English