Награда на УНИЦЕФ за фоторепортерот Личовски

Грчко – македонска граница, 21 август 2015, хаотично време на бегство од сопствениот дом и живот, од очајот и стравот од војната, време кое ќе остане запомнето по бегалската криза. Нејзиниот одраз во Европа привлече голем медиумски интерес. Тој ден, македонскиот фоторепортер Ѓорѓи Личовски, ја направи фотографијата која го обиколи светот, заробувајќи го моментот во кој сурово јасно се отсликува тагата и страдањето на бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан.

Неделава во Берлин, наградата на  УНИЦЕФ за најдобра фотографија или фото серија во 2015, кои најдобро ги опишуваат условите за живот на децата во целиот свет на виртуозен начин, му ја додели токму на Ѓорѓи Личовски  за фотографијата на децата бегалци пред полициски кордон кои со солзи во очите ги бараат своите родители од другата страна. Оваа фотографија е една од многуте кои Личовски ги испратил до Европската прес агенција - ЕПА од почетокот на бегалската криза на границата меѓу Грција и Македонија.

Наградената фотографија на Ѓорѓи Личовски

Наградената фотографија на Ѓорѓи Личовски

По добивањето на плакетата од г-ѓа Даниеле Штат, животна сопатничка на германскиот претседател Јоаким Гаук, Личовски на присутните им ја опиша ситуацијата во која настанала наградената фотографија:

„Беше тоа ден што никогаш нема да заборавам, тоа беше за прв пат да ги видам моите колеги да плачат и да фотографираат, потресени од преплашените детски лица кои се обидуваа да ги најдат своите родители, браќа и сестри, во хаосот. Фотографиравме за да му го покажеме на светот она што се случува, за да може да им помогне на тие луѓе... “

epaselect epa05033142 A small boy touches his crying father during a protest by migrants from Pakistan and Morocco who block the border line between Greece and Macedonia after Macedonia has started granting passage only to refugees from Syria, Iraq and Afghanistan, near Gevegelija, The Former Yugoslav Republic of Macedonia, 19 November 2015. Macedonia, Serbia and Croatia have started restricting access to migrants on the Balkan route to Syrians, Iraqis and Afghans. It is a part of a joint effort to reduce the number of asylum seekers streaming into the European Union. EPA/GEORGI LICOVSKI

Фотографија на Ѓорѓи Личовски

Покрај плакетата, Личовски како дел од наградата ќе има можност да направи репортажа за светски признатиот ГЕО магазин.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја имаше таа чест за предавач да го има Ѓорѓи Личовски, на еден од семинарите во рамките на актуелниот проект „Граѓански објектив“, на кој тој зборуваше за предизвиците на професијата - фоторепортер. ЦИВИЛ му честита на Личовски на високото признание.