Најмасовен протест на Шарената револуција

Десетици илјади демонстранти од цела Македонија вечерва беа дел од Шарената револуција. Протестот започна од Специјалното Јавно обвинителство во Скопје, а демонстрантите потоа се упатија пред Владата, каде дел од активистите и членови на опозицијата држеа говори пред граѓаните. Учесниците во Шарената револуција ги повторија двете приоритетни барања.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=kKgK8h2-GDI[/youtube]

 

„Уставниот суд мора да се произнесе по иницијативата за СЈО. Не може тие безрбетни подлизурковци и полтрони да ја држат правдата во заложништво. Мора СЈО да може да води кривични постапки пред суд. Нема повлекување, нема правда нема мир!“, истакна активистот Павле Богоевски, пред Владата.

„Да го поздравам оној во оставка кој се заканува дека му врие. Нека дојде да видиме кому му врие. Да го поздравам и почитуваниот господин Чавков, тој нека јдојде да не апси ако може“, порача активистот Замир Мемети кој им се обрати на присутните демонстранти и на албански јазик.

Владиниот објект  го штитеше огромен полициски кордон, а мостот „Гоце Делчев“ беше блокиран со кордон од специјалци и водени топови.

Заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска порача дека за криминалите во Македонија мора да се одговара.

„Корупцијата во Македонија има име и презиме, криминалот и злосторствата добија точна адреса и затоа оваа криза имаше многу причини, ама оваа криза има само еден излез, правда, одговорност“, изјави Шекеринска.

Screenshot (30)

Демонстрантите потоа се упатија пред Министерството за правда чија зградата ја офарбаа со боја и ги искршија прозорците. Пред крстосницата кај ТЦ „Палома бјанка“ беше поставено силно полициско обезбедување кое го штитеше преминот кон полициската станица „Центар“ и зградата на ВМРО - ДПМНЕ. Моментално демонстрантите се пред Собранието на Република Македонија.

ЦМ