„Напред!“ во Кичево

Во недела попладне екипите на ЦИВИЛ –Центар заслобода, и покрај релативно празните кичевски улици, успеаjа да пронајдат адекватни соговорници за разговори за политичката ситуација во Македонија и за престојните парламентарни избори. Наспроти традицијата на неделен попладневен одмор во домашни услови, сепак, беа поделени повеќе од 200 флаери на македонски и на албански јазик.

Двајца членови од тимот на ЦИВИЛ, дадоа изјави на македонски и албански јазик за регионалната телевизија Ускана, кој и покрај неработниот ден, беше заинтересирана да го проследи јавниот настан што се одржуваше во центарот на Кичево, и да ги информира гледачите за активностите на ЦИВИЛ во тој регион.

Кичево, 28 февруари 2016

                        Кичево, 28 февруари 2016

ЦИВИЛ спроведува целосен, сеопфатен, непристрасен и објективен мониторинг на подготовката и на текот на целиот изборниот процес и на почитувањето на гласачкото право. Во тек се активности за селекција, ангажирање и едукација на долгорочни, краткорочни и граѓански набљудувачи на изборниот процес во Република Македонија.

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ.

Проектот „Напред!“, кој започна во јануари и ќе трае седум месеци, се финансира со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Како и досега, заедно со граѓанките и граѓаните, ЦИВИЛ придонесува и ќе придонесува за создавање услови за слободни избори.

Учествувајте во нашите активности за јакнење на јавната свест за правата на гласачите!

 

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian