„Напред“ во Старата скопска чаршија

Денес напладне, граѓаните кои минуваа низ Старата скопска чаршија имаа можност да се запознаат со проектот „Напред!“ на ЦИВИЛ – Центарот за слобода, за мобилизација на граѓански набљудувачи. Штандот беше оставен пред Универзитетот на ЈИЕ, и беа поделени над 300 флаери со информативна содржина на македонски и албански јазик.

13041033_951850534933416_2199129064606269177_o

                                     Стара скопска чаршија, 22 април 2016

Дел од граѓаните се фотографираа со натпис „И јас сум за слободни избори“ на неколку јазици, за фото-петиција, дел само земаа флаери, а дел застануваа на разговор на штандот за да се распрашаат за своите права пред и на претстојните избори, или да ги споделат своите сознанија  за корупција или злоупотреба.

„Напред!“ е проект за мониторинг на изборите и за мобилизирање на  граѓански набљудувачи кои ќе ја следат ситуацијата во своите општини пред изборите и на самиот изборен ден.

12983995_951850404933429_144978604614750159_o

                             Стара скопска чаршија, 22 април 2016

Проектот „Напред!“ се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.