Недела на гордоста

Неделата на гордоста, во организација на Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија, оваа година се одржува од 22 јуни до 27 јуни со целодневни настани и активности на ЛГБТИ заедницата.

За утре, сабота, според програмата, е најавен протест пред МРТ, со почеток во 13:15 часот. ЛГБТИ заедницата со соопштение ќе испрати порака за конечно враќање на националниот сервис на граѓанките и граѓаните. Со почеток во 19 часот, во ЦАЦ Монтажната галерија, е предвидено предавање на Франко Дота на тема „Педери и Партија: противприроден блуд на југословенски начин (1945 - 1989)“. Затворањето на Неделата на гордоста се предвидува во 22 часот со настап на диџеј Ана Мало и караоке со Огнен Јанески, во Паркот на франкофонијата. Настаните се отворени за сите.

ЛГБТИ заедницата, преку Неделата на гордоста, има за цел да посочи на дискриминацијата и на насилството со кои се соочуваат, но и да апелира до инстутициите да се превземат мерки за нивно спречување.

Во продолжение фотографии од овогодишната Недела на гордоста.