Демократската унија за интеграција (ДУИ) и се заканува на кадидатката за пратеник од редовите на Националната демократска преродба Хаџере Меџити дека ќе биде избркана од работа доколку не се повлече од пратеничката листа, се вели во соопштение на НДП.
„Се врши притисок врз кандидатите во пратеничките листи, како што е случајот со раководителот во основното училиште Кемал Ататурк, Ќамил Рамадани, кој врши невиден притисок врз кандидатката за пратеник од листата на НДП Хаџере Меџити да поднесе оставка од пратеничката листа, инаку во спротивно ќе биде отсранета од работа, иако има решение на неопределено време. Според Рамадани, овој притисок доаѓа директно од градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта, кој бара Меџити да поднесе оставка, а доколку не го стори тоа да биде избркана од работа“ – се вели во соопштението.
Претходно, во интервју за Цивил-Медиа, лидерот на НДП Руфи Османи изјави дека се создава страв кај граѓаните со цел по секоја цена да гласаат за партиите на власт, а овие недемократски практики ескалираат.
„Овој вид на кампања што го спроведуваат политичките партии е анемичен. ДУИ бара да се затворат училиштата за учениците да бидат дел од нивната кампања. Исто така, се врши голем притисок врз јавната администрација, примателите на социјална помош, граѓаните кои примаат субвенции, бизнисмените од кои се бараат донации и така натаму“, изјави Османи.
Арбана Ќерими
Оваа вест е достапна и на: Albanian