Анонимен граѓански новинар упадна во комуникацијата меѓу професори на едно скопско средно училиште и го испрати овој „принтскрин“ до ЦИВИЛ.
Од оваа комуникација дознаваме повеќе нешта. Дознаваме дека се подготвуваат инспекции во средните училишта кои, во случајов, треба да утврдат дали професорите ставаат оценки во е-дневникот. Исто така, дознаваме дека информации од овој вид протекуваат од инспекторатот до дел од наставниот кадар кој треба да биде „изненаден“.
Но, оваа комуникација ни зборува и за поделеноста во наставниот кадар. „Не кажувај на комуњарите“, се вели на крајот од оваа комуникација.