НМСМ: Само 0,26% од буџетот на Агенцијата за млади и спорт е наменет за Секторот за млади!?

Од буџетот со кој располага Агенцијата за млади и спорт, за 2016-та година, само минимални 0, 26% се одвоени за Секторот за млади. Овој разочарувачки податок за младите во Македонија, е објавен преку инфографикот, подготвен од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

граф

ЦИВИЛ Медиа, разговараше со Ивона Крстевска, генерален секретар на НМСМ, за тоа од каде ги добиле овие податоци, целта на нивното објавување и што тие значат. Особено, ако се знае дека според надлежностите, „Секторот за млади во Агенцијата врши работи кои се однесуваат на сферите на интерес и потребите на младата популација во земјата и признавањето на улогата на младите во развојот на Република Македонија...“

Според Крстевска, податоците се добиени од Агенцијата за млади и спорт, преку алатката за слободен пристап до информации од јавен карактер.

"НМСМ ваков тип на инфографици ќе објавува повеќе со различни податоци, со цел да се покрене свесноста дека е потребен поголем буџет за млади. Тоа се однесува на национално ниво, врз основа на сите институции... Генерално, малку пари се одвојуваат за млади", вели Крстевска. Но во НМСМ во моментов немаат коментар за тоа што ваквото распределување на средствата од буџетот на Агенцијата значи за потребите на младата популација во Македонија.

10155916_10202325828981866_4703327229283604845_n

Ивона Крстевска

ЦИВИЛ Медиа, побара коментар и од Агенцијата за млади и спорт. Од Секторот за млади, не информираа дека буџетот со кој тие располагаат за 2016-та година, изнесувал три милиони денари. А, колкав процент од целиот буџет на Агенцијата е одвоен за млади, во Секторот не биле надлежни да соопштат.

ЦМ

Оваа вест е достапна и на: Albanian