Промоција на најновиот број на списанието „Форум Аналитика“, ќе се одржи на 20-ти октомври, во 12 часот, во Кино Култура.
Станува збор на обновено списание кое постои веќе 20 години. Овој број како што нè извести програмскиот директор на Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Сашо Орданоски, е посветен на протестите во земјава.
Промоцијата ќе биде проследена и со дебата на истата тема.
Ова е дванаесетти број, а до крајот на годината Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, ќе публикува уште еден број.
Оваа вест е достапна и на: Albanian