Нов проект на ЦИВИЛ: Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето

ЦИВИЛ го започна проектот „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка од Глобална иницијатива против транснационален организиран криминал и Резилијанс фонд.

Во рамките на проектот, ЦИВИЛ ќе прибира и ќе ги систематизира податоците за легислативните процеси и мерки, операциите за собирање на нелегалното оружје, како и процесите за амнестија на лицата што поседуваат нелегално оружје во периодот 2001-2021 година.

Со проектот се предвидуваат интервјуа со релевантни експерти и креатори на политиките во доменот на контролата на оружјето, меѓу другото, и за поврзаноста на овие теми со организираниот криминал. Тоа се само дел од темите опфатени со овој извонредно динамичен проект на ЦИВИЛ. Во претстојниот период, ЦИВИЛ ќе биде во интензивна комуникација со релевантни институции и експерти во областа на контролата на оружјето и борбата против организираниот криминал, со што ќе ги обнови и прошири своите активности на теми во кои организацијата веќе има богато искуство зад себе, како на национално, така и на меѓународно ниво.

Со проектот „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Република Северна Македонија“ ЦИВИЛ ќе послужи и како основа за понатамошни истражувања и креирање политики и практики на релевантните институции во областите како што се контрола на оружјето и борба против организираниот криминал. Исто така, резултатите од проектот ќе бидат корисен материјал за медиумите и граѓанското општество, како и пошироката јавност, да се стекнат со релевантни информации за овие прашања. Резултатите од проектот ќе јавно достапни и ќе послужат како алатка за јакнење на јавната свест.

Оваа вест е достапна и на: English