Новакоски: И пред изборите е јасно дека меѓународните набљудувачи ќе реагираат на нееднаквоста на правото на глас!

Адвокатот Александар Новакоски, експретседател на Државната изборна комисија, и правен експерт на ЦИВИЛ – Центар за слобода, на конференцијата „Слободни избори 2016“, потенцираше дека не можеме да очекуваме фер и демократски избори кога „не е направено ништо околу Избирачкиот список“.

„Изминатите изборни циклуси, за мене се најрелевантен показател. Имавме повреди на одредби од меѓународни конвенции. Во оваа ситуација, повторно ќе се соочиме со, можеби – технички, добро организирани избори, но во крупните делови, не се направи ништо. Апелирав да се соберат сили, да се реши прашањето, да се најде закон, којшто ќе го санкционира заплашувањето на граѓаните. Моја оценка е дека во сферата на медиумите, има далеку поголемо подобрување во овој краток период, но Избирачкиот список не е прочистен“, рече Новакоски на конференцијата.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian