Aлександар Новакоски и Сандра Гавриловска, правни експерти - учесници на експертскиот панел „Плурализмот и политичката криза“, одржан на 17 март 2016 година, тврдат дека пописот нема директна врска со Избирачкиот список.
Настанот е дел од проектот Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=MgWwC7fbsNU[/youtube]
Александар Новаковски: „Јас ќе го кажам мојот цврст став што го имам, кој на многумина не им одговара очигледно, во оваа атмосфера. Значи, имаше една дебата на една телевизија, каде експерт од Статистика многу солидно ја објаснува оваа материја, која се совпаѓа со моето мислење дека пописот нема директна врска со Избирачкиот список. Тоа ве уверувам. Но, пописот кој ќе се организира, може да биде корисен со оглед на средствата кои се трошат за еден попис за одредени теренски проверки, тоа - да. Но, за да се добие точен Избирачки список од експертите, и јас бев дел од таа експертска група преку асоцијацијата на државните изборни комисии на Европа, тие го споредуваат како јаболко и портокал. Затоа што нашиот закон за попис е дека не се попишува ниеден граѓанин кој е над една година во странство. Е сега, во таа смисла, не може да биде корисен, корисна ќе биде оваа постапка која сега се спроведува и теренската проверка од пријавите на граѓаните. Но, пописот е задолжителен, сите направија попис во светот освен ние. Значи, мора да го направиме, но не може да биде точна база за Избирачкиот список“.
Сандра Гавриловска: „Би се надоврзала на коментарот на Новаковски и би додала дека точноста на Избирачкиот список, во моментов, најмногу зависи од усогласувањето и ажурирањето на податоците за граѓаните кои имаат избирачко право или право на глас, а коишто треба да се обноват и превземат од евиденциите на надлежните државни органи. Со самото усогласување на податоците, односно со нивното ажурирање, ќе се добие реална фактичка состојба на Избирачкиот список.
Оваа вест е достапна и на: Albanian