Нови правно-политички анализи на ЦИВИЛ

Експертскиот тим на ЦИВИЛ – Центар за слобода во состав на своите редовни активности, подготви нови, опширни правно-политички анализи за политичките состојби, за кризата и за изборниот процес во Република Македонија.

Во тимот се и Сашо Орданоски, универзитетски професор и политички аналитичар, Александра Јозиќ-Илековиќ, експерт за изборни системи, поранешна заменик-претседателка на хрватската Државна изборна комисија и Сандра Гавриловска, адвокатка, чии анализи ќе бидат објавени наредните денови.

Врз основа на овие анализи, како и експертските анализи и препораки на ЦИВИЛ во изминатиот период, организацијата ќе се обиде да го даде својот придонес кон создавање услови за одржување слободни избори и надминување на политичката криза во Република Македонија.

Анализите и препораките кои ЦИВИЛ ги подготви во овој период се дел од активностите на проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian