Новогодишното расположение во знак на слободни избори и со изгледи за демократско општество догодина, ја одбележа средбата на соработници и поддржувачи на ЦИВИЛ - Центар за слобода во „Слободна зона“, со надеж за реализација на желбите и потребите на сите слободољубиви луѓе.
И денес, преку Инфо штандот на ЦИВИЛ граѓанките и граѓаните на Скопје имаа можност да се информираат за своите гласачки права и да се приклучат и да нé поддржат во фото петицијата: „Јас одлучувам: Моето право е мој глас!“
На инфо штандот уште еднаш ги поканивме сите слободољубиви луѓе да не посетат во нашите простории, на слободната зона, од 13 до 16 часот, заеднички да поразговараме, да споделиме и да се информираме за активното вклучување и активирање во напорите за фер, демократски и слободни избори и за одбрана на гласачкото право и за човековите права и слободи, воопшто.
Во просториите на ЦИВИЛ се наздравуваше за самосвеста и совеста на граѓанките и граѓаните дека во нивниот глас е нивната моќ.
Настанот „Слободна зона“ е во рамките на проектот „Моето гласачко право“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.