Неуспешен обид за нарушување на протестот во Штип

Штип синоќа се приклучи кон протестите кои веќе една недела се организираат во неколку градови низ Македонија.

13046103_1342387379111030_405759204_n

Како што информираат долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ од овој регион, протестите започнаа во најавеното време, во 18,00 часот. И штипјани со истите барања. Оставка за претседателот на државата  Ѓорге Иванов по повод прекинување на кривичните постапки кои се водат против 56 политичари. Протестот поминал без инциденти и насилство.

Контра-демонстрантите кои се собраа пред Домот на културата, како што нè информираат од терен, беа поддржани од партиски активисти од другите градови. Обидот да ја прекинат маршрутата на продемократскиот протест, заврши неуспешно, поради како што се вели во извештајот кој пристигна во ЦИВИЛ, слабиот одзив на контра-демонстрантите.