Бараките на Град Скопје во Градскиот парк, денеска беа обоени во најразлични бои. Неколкуте илјади демонстранти, откако протестираа пред Владата, за првпат вечерва, се упатија на ова локација, каде и го завршија осмиот по ред протест. Бараките на Град Скопје, беа под силна полициска заштита, а полиција беше поставена и пред фонтаната во Градскиот парк.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=W6VHIoxYoEE[/youtube]
На крајот на протестот, демонстрантите поминувајќи пред Владата, која и вечерва беше под полициска заштита, ја прашаа полицијата: "Дали знаете како ви се вика премиерот кој го штитите?"