Под слоганот: „Еднопартиски избори Ње може“, стотици демонстранти денеска протестираа низ Скопје. Тие се упатија од Специјалното јавно обвинителство до Собранието на Македонија каде што демонстрантите фрлаа боја. На улицата пред Собранието напишаа „Не можете да ја избришете Шарената револуција“.
Откако завршија со фарбањето на Собранието, демонстрантите се упатија да го фарбаат и Министерството за надворешни работи. По неколку минутно шарање тие продолжија пред Владата. Неколку пати демонстрантите се обидоа со чатали да дофрлат боја до зградата на Владата, но обидите им беа неуспешни.