Од колку семејства си заминаа младите?

Улицата пред Владата на Република Македонија денеска беше преполна со износени стари обувки, како симбол на сите оние граѓан(к)и кои ја напуштија земјата и заминаа во странство, како дел од настанот „Колку чевли останаа неизносени“.

Стотина граѓани организирани од иницијативата „Заслужуваме подобро“, со креативниот перформанс, протестираа пред Владата поради трагичниот факт дека од Македонија, најчесто со билет во една насока,  си заминаа околу 600 илјади граѓан(к)и.DSCN5013

Инес Ефремова од граѓанската иницијатива, изјави дека со поставувањето на старите износени обувки пред Владата, сакаат да ги истакнат лошите реформи и политиките на власта кои ги натераа граѓаните, особено младите, да бегаат од сопствената татковина, и да заминат во странство поради подобра иднина.

Од иницијативата „Заслужуваме подобро“ велат дека собраните обувки кои се уште во добра состојба, ќе ги предадат на невладината организација „Легис“, за да им ги подели на емигрантите кои доаѓаат во Македонија.

 

 

 

 

 

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian