ЦИВИЛ – Центар за слобода и Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја организираат денешната конференцијата „Македонски перспективи: Како до Европа?“ во хотел Континентал, со почеток во 11 часот.
Премиерот Зоран Заев, повеќе амбасадори на земји членки на ЕУ, партиски лидери, експерти и претставници на граѓанското општество ќе говорат за важни аспекти на македонските перспективи, искуствата, задачите, предизвиците и придобивките од интеграциите во ЕУ и НАТО, за спогодбата со Грција и потребата од градење добрососедство.
Со 19 говорнички и говорници во агендата и со пријавени над 40 дискусии, организаторите од ЦИВИЛ и МЦМС очекуваат ова да биде дискусија заснована на факти и слободно изразени ставови, но и стратегии за македонската иднина воопшто.
Конференцијата отвора можност да се разменат мислењата и ставовите во една аргументирана дискусија, со вклучување на повеќе засегнати страни и носители на одлуки, но и граѓанките и граѓаните како важен дел во процесот на одлучување.
Конференцијата е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија