Од почетокот на изборниот молк до сега, дел од најистурените претставници на ЦИВИЛ добиваат различни видови „поздрави“ кои се со очигледна намера да ги заплашат.
„Нашиот одговор на секоја закана е јасен: Ние никогаш не се предаваме! Ќе останеме приврзани и верни на принципите и вредностите за кои се залагаме од основањето пред речиси две децении. Ниедна закана нема да нè спречи да стоиме цврсто во одбрана на човековите права и слободи, во одбрана на правото на глас.“ – изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода.