Одличен одзив на партиите за претстојната дебата на ЦИВИЛ

До овој момент, осум највисоки претставници на политичките партии кои не се вклучени во преговорите за надминување на политичката криза го потврдија своето учество на јавниот настан „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ.

Се очекува оваа бројка да се зголеми најмалку за еден учесник повеќе до почетокот на овој настан.

VRP event banner 02022016 SK

ЦИВИЛ ја организира средбата на тема „Плурализмот и политичката криза“ во вторник, 2 февруари 2016 година во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот. Целта на оваа средба е да се слушнат ставовите и препораките на почитичките партии кои не се вклучени во преговорите или ако се вклучени, тоа е посредно, преку позицијата на коалиционен партнер на некоја од партиите кои учествуваат во преговорите.

Претставниците на ЦИВИЛ веруваат дека овие партии се многу значајни, но не доволно застапени во јавноста, а веројатно уште помалку комуницираат меѓу себе. Затоа, ова е значајна можност да се слушне нивниот став, но и да се разменат мислења и контакти меѓу нив.