Бројни специјални полициски сили во полна опрема и колона од десетици тешки оклопни возила беа забележани во строгиот Центар на Скопје. Додека новинарите на ЦИВИЛ Медиа ја снимаа колоната што поминуваше низ ул. "Васил Главинов", од неколку возила на полицијата се слушнаа остри извици: „Не снимај!“, иако снимателите на ЦИВИЛ Медиа ја снимаа колоната од далеку и без да се фокусираат на лицата на припадниците на специјалните единици.
Инаку, во вчерашната нивна акција за разбивање на демонстрантите, настрадаа посериозно двајца медиумски работници, новинарот Горан Наумовски од "Плусинфо" и фоторепортерот Наќе Батев од весникот „Вечер“, а полесно повреден беше и снимателот на ЦИВИЛ Медиа, Никола Угриновски.
Од долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ - Центар за слобода од цела Македонија доаѓаат информации дека се мобилизира полицијата и бројни полициски сили веќе тргнале за Скопје.
Информаците ни стигнуваат од нашите набљудувачи од: Крушево, Валандово, Ресен, Струга, Македонски Брод, Кочани, Куманово, Гостивар..
Оваа вест е достапна и на: Albanian