ОХРИДСКИ РЕГИОН: ЗАГРИЖЕНОСТ И НАПНАТОСТ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО

Извештај на Работната група за превенција за охридскиот регион, на Конференцијата на Цивил ДЕМОКРАТСКИ ПЕРСПЕКТИВИ, одржана на 1 март во Скопје

Делувањето  како дел од тимот на ЦИВИЛ во успешно спроведување на слободни и ненасилни избори 2013год, подразбира наше активно делување на терен односно да се биде присутен помеѓу засегнатите страни; градоанцалници, оштински советници, институции, оптински комисии за меѓуетнички односи, наставен кадар, полиција, политички партии , совети на општинско ниво, невладини организации и граѓански иницијативи, женски организации или групи, организации на помалите заедници, религиски лидери, лидери во заедниците, да се комуницира со сите останати граѓани и преку сите форми на социјална комуникација. Целта е да се детектираат потенцијалните опасности кои би значеле кршење на процесот на слободни и ненасилни избори.

Од активностите спроведени на терен во регионот на општина  Охрид, Струга , Дебар и центар Жупа, досега не се забележани нарушувања на мирот и примена на форми на насилство и употреба на оружје.

Она што посебно загрижува е напнатоста која се чувствува кај населението. Опозијата се уште бојкотира, а од друга страна кандидатите за градоначалници од редовите на власта секојдневно оперираат на терен преку водење на масовни кампањи и промовирање на кандидатите во градот и околинта. Исто така, се води активна кампања преку социјалните мрежи каде може да се забележат препукувања низ коментарите

OhridИнформации од разни извори, од кои некои не ни се потврдени, говорат за агитирање по домаќинставата со кампањи врата на врата и за отворање нови партиски штабови каде, посебно на малцинските групи, им се гарантира вработување во возврат за нивните гласови. Речиси комплетната партизација на медиумите предизвикува револт и нервоза и кај оние по неопределените.

Кај оние кои ја поддржуваат опозоцијата и нејзиниот „Отпорот“ за бојкот на изборите постои доза на страв за нивните работни места или идните вработувања на невработените. Покрај тоа, агресивните кампањи на власта придонесуваат уште повеќе за чувство на неизвеснот од текот на настаните.

Би го потенцирале и фактот што постоеше неможност за електронско проверување на гласачкото тело. Има информации и за ревидирање на списоците со посебно евидентирање на неопределените или потенцијалните гласачи, при што се даваат ветувања за разни погодности, како вработувања, решавање на социјални проблеми во семејството и слично.

Постои општо незадоволство на народот од економско социјалната ситуација во државата, луѓето се видно осиромашени  во секој поглед, невработеноста е основен проблем и цели семејства се невработени, економијата е загушена и малите фирми кои некогаш значеа семејно вработување се на раб на преживување или се затвараат. Сета оваа ситуација им оди во прилог на агитаторите за поткупување на ваквите членови.