„Општество без граници“ во Тетово

Серијата на јавни промоции на проектот „Општество без граници“ и на „Граѓанската повелба“, ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе ја продолжи на градскиот плоштад во Тетово, во четврток, на 4 мај, во 12 часот, со инфо штанд, фото и видео петиција, како и со потпишување на поддршка на „Граѓанската повелба“.
На отворениот настан се поканети и медиумите, за кои претставници на ЦИВИЛ ќе одржат прес-конференција во 13 часот, а на која ќе се презентираат детално сите активности што се спроведуваат како дел од проектот „Општество без граници“.

Тимот на ЦИВИЛ ќе има средба и со претставници на граѓанското општество на тема социјална правда и екологија на локално ниво, како и за можноста за поддршка и вклучување во презентацијата на „Граѓанската повелба“ - глобален документ за унапредување на граѓанските права и активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Проектот „Општество без граници“, ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата „Heinrich Böll“ – канцеларија Сараево.