Орав: Со компромис, никогаш не се сите среќни!

„Земјите-членки на ЕУ имаат обврска да не гледаат само во интерес на една членка, односно, своите интереси, туку исто така, и да се обидат да влезат во чевлите на своите соседи, некои други земји, во друг регион, изјави амбасадорот Аиво Орав, шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија, на националната конференција „Europe, my country“ (Европа, мојата земја), која во организација на EuroDEMOS – Романија, V2020 – Англија, TDM2000 – Италија и Младинскиот сојуз Крушево – Македонија, со поддршка од Europe for Citizens програмата на Европска унија, се одржа денеска во Скопје.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=ib1kRennnE4[/youtube]

 „Мислам дека најдобриот пример е дека земјите од север и исток, треба да ги разберат подобро земјите на југот, каде има голема миграција, но истовремено, земјите од запад да ги разберат земјите на исток, кои откако Крим беше анектиран во 2014, се многу нервозни... Обврската е да се најдат решенија и компромиси, и да не се излезе со позиции кои само ние ги сакаме, и да блокираме или бојкотираме - ако не го добиеме тоа што го сакаме. Значи, одлуките не се секогаш најјасни и компромисите никогаш не се такви, за сите да бидат среќни“, изјави евроамбасадорот.

„Денеска има друга ситуација поради Брегзит, на земјите-членки им треба време, на Британија и треба време, исто така, да видат кои ќе бидат резултатите, што ќе се случи сега со економијата, со политичките процеси во Британија и во членките-земји. И тогаш, да се обидат со некакви реформи, паралелно со излегувањето, односно со разговори, и тоа секако ќе има влијание врз земјите-кандидатки за членки во ЕУ“, рече во своето обраќање амбасадорот Орав.

ЦИВИЛ Медиа

Оваа вест е достапна и на: Albanian