ОРДАНОСКИ: На Македонија ѝ треба процес сличен на денацификацијата

Д-р Сашо Орданоски, политички аналитичар и универзитетски професор, како член на експертскиот тим на ЦИВИЛ, веќе една година ги анализира состојбите и процесите во Република Македонија во своите редовни видео-анализи. Во оваа анализа, продуцирана на 28 декември 2016, Орданоски го оценува изборниот и политичкиот процес во земјата.

Изборниот процес во Македонија, којшто тукушто заврши би можел да се оценува два аспекта. Едниот е начинот на којшто се спроведоа изборите, и технички и политички. Вториот е резулатот којшто е добиен. Ние секогаш овие анализи се обидуваме да ги започнеме со ставот дека Македонија се уште не е демократска земја, и дека во такви услови изведувањето на избори е прашање на однапред поставени компромиси коишто се прифаќаат, бидејќи доживувањето, дочекувањето на демократските услови нема да се случат сами од себе, туку тоа мора да биде процес на една недемократска земја која ќе стане демократска. Во такви услови значи не сосем демократски, Македонија имаше едни коректно изведени технички избори, со многу пропусти се разбира, во кои што уште еднаш се потврди дека главните проблеми се на две нивоа.

Главниот проблем на Македонија се политичките партии, а особено во овој случај владејачката или владејачките политички партии, од каде што извираат сите можни злоупотреби на различни начини на изборниот процес. Бидејќи симбиозата помеѓу тие политички партии и државните наводно независни органи и тела, кои треба да спроведуваат не само избори, туку и политики во државата толку е силна, испартизирана, така што практично не можете да дојдете до избори, коишто би биле спроведени од една неутрална државна институционална структура. Во таа смисла најголем дел од проблемите произлегоа на тоа ниво. И второто е секогаш, персонално ниво. Во крајна линија изборите зависат, во највисокиот дел од 10-ина луѓе, и секогаш зависи од интегритетот професионален, а ако сакате и човечки интегритет на тие луѓе, како ќе се изведат изборите. Можеше да биде и подобра организацијата, а со овој човечки капацитет и интегритет да не се постигне целта и обратно? Така во принцип Македонија и тука го виде, своето огледало. Бидејќи ние и на интегритетот на луѓето кои се на врвни позиции за спроведување на изборите имаме проблем. Тие се инаку резултат на разно-разни политички компромиси, на партиски влијанија итн. И тие очигледно не успеваат да обединат доволен професионален интегритет, ако сакате и човечки и политички за да можат да кажат „Не“, кога треба да се каже „Не“ и за да можат да се држат до некакви принципи и слово на законот, тогаш кога тоа е неопходно. Во таа смисла ние ги имавме очекуваните потфрлања. Но, дојдовме до едно ниво да имаме резултати коишто, до овој момент, без разлика на сите обиди и најави за тоа не се оспорени. Ние конституираме Собрание со легитимитети на пратеници, кои без разлика на сѐ она што кажа во меѓу време и чиишто пратенички мандати не се оспорени. Тоа е едниот дел од проценката на изборниот процес.

Д-р Сашо Орданоски

Д-р Сашо Орданоски

Македонското општество е жртва на недемократски амбиент

Вториот дел се изборните резултати. Ние ми се чини добивме точно слика на тоа што, точно се случува во Македонија. И математиката или статистиката на еден многу вешт начин се поигра со разно-разни политички предвидувања, анализи коишто се правеа во изминатите месеци,па и години. Гледате дека автократска Македонија се уште има поддршка и гледате дека една неавтократска, продемократска Македонија има уште поголема поддршка. И тоа не треба да нѐ чуди, бидејќи нашето општество е поделено. Нашето општество е жртва на недемократски амбиент. И во такви недемократски услови, вистинско чудо е да очекувате дека власта ќе падне со демократски методи. Затоа е оваа значајна победа на оние коишто сакаат промени, бидејќи таа е јасно изразена, во вкупната цифра на луѓето кои што гласале за менување на оваа власт. Оттука натаму почнуваат технолошките анализи, за тоа кој ќе формира, како ќе формира влада. На таа линија е сѐ кажано. Мислам дека Македонија во овој момент е испразнета од политичка содржина околу идното формирање на владата, бидејќи политичката содржина е јасна. Особено е јасна насоката на етничките албански гласачи и ако таа биде превладувачка, јасно е каква влада би добиле. Но, сега мислам дека ние повторно ќе се занимаваме со некакви персонални проблеми, врски, историјати, амбиции, однесувања во рамки на законот, многу вон рамки на законот, и дека тие нема да бидат мал дел од резонот за формирање на следната влада.

Македонија не може да ја реши политичката криза само со едни избори

Најголемиот дел од анализите кои се направија предизборно, а особено постизборно упатуваат на тоа дека Македонија не може да ја разреши длабоката политичка криза само со едни избори. Следствено која влада и да се формира, најверојатно е дека ние предвремени избори ќе доживееме во некоја догледна иднина. Но, круцијално е важно кој ќе ја формира владата за да видиме во која насока ќе се движиме до тие вонредни избори. Доколку тоа се случи да биде постоечкото досегашно мнозинство во парламентот,значи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Македонија ќе тргне во еден правец којшто ќе значи продлабочување на политичката криза, според моето уверување. Доколку се создаде некое друго мнозинство, од друг тип на партии, предводено од СДСМ, тогаш Македонија добива шанса, да тргне во правец на некакви промени кои нема да бидат крунисани со некаква комплетна реставрација на демократијата во периодот до наредните избори. Но, ќе бидат во многу важни суштински точки, веројатно реставрирани на начин да може тие наредни избори да бидат потоа, крупниот исчекор во конечното разрешување на политичката криза. И тие два избора се јасни, тие се очигледни зад нив стои концентрација на голем број гласови. Јасно е кој број гласови превладува во таа смисла. Поради тоа е важно кој ќе ја формира владата. Јас во овој момент би се воздржал од проценките за тоа, бидејќи тие се општо познати, сто пати изречени.

ordanoski3

Меѓународната заедница во овој момент, треба да има активна улога во Македонија!

Мислам дека во таа насока, меѓународната заедница, треба да има важен глас, треба да има активна улога, точно поради тоа што една од водечките политички струи во државата сака да ја изолира Македонија од меѓународната заедница. Македонија немаше да постои ни како држава, доколку меѓународната заедница не застанеше зад нашата независност. Тоа треба јасно, гласно, отворено да се каже и редовно да се повторува. Македонија е држава којашто има таков демократски капацитет и таква демократска историја каква што има и таа сеуште бара активна улога на меѓународната заедница, која пак досега секогаш, главно, се покажувала дека е позитивна. Според тоа нас не очекуваат овој тип на процеси во наредните неколку недели. Тие не мислам дека битно ќе се рефлектираат врз Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

СЈО е најверојатно најважната институција околу која ќе оди демократската реставрација на Македонија. Но,нема да биде СЈО главната жртва, ако не дојде до промена на власта. Жртва ќе биде целиот демократски систем, а СЈО ќе биде една не толку важна институција којашто ќе ја снема или нема да си ја заврши работата, поради еден таков политички исход, на формирање на новата влада. Значи ние имаме еден јасен избор кон тоа. По јасно изразена волја на гласачите, варијантите се се уште можни, а изборниот исход покажува дека тој процес нема да биде едноставен, затоа што такво е расположението во Македонија.

Македонија е пред избор на својата иднина

Македонија е земја, на која ѝ е неопходен еден процес на комплетно репрограмирање на клучните системи. Тој зафат, општествен некои го нарекуваат со тоа што, во времето се нарекуваше „денацификација“. Но, нам де факто ни е потребен еден процес којшто ќе нѐ извади од многу погрешната насока, во која се движевме изминатите години. И ние добивме една генерација луѓе, кои не паметат ништо подобро од ова коешто сега им се случува.

Ние добивме генерација луѓе кои се подготвени да ја напуштат државата, дури и независно кој и како ќе владее со неа. Тие процеси не може да се спречат со повторно формирање на истите ликови и истите платформи како и досега. И затоа велам дека Македонија сега ќе си ја избере својата иднина и ние ќе ја живееме таа иднина, како и да биде одбрана.

ordanoski4