По повод свикувањето на Собранието од Трајко Вељаноски, ЦИВИЛ - Центар за слобода се обрати за мислење кај д-р Сашо Орданоски кој вели дека, со оваа одлука, власта лукаво нѐ носи во состојба слична на онаа пред Пржино, и со тоа ја враќа својата целосна моќ.
„Значи, не се работи за трик на власта, туку за една успешна стратегија. Ние веќе сме вратени пред-Пржинскиот договор“ - изјави Орданоски за ЦИВИЛ Медиа.
На прашањето како ја толкува одлуката за запирање на изборниот процес и усвојувањето на оставките на СДСМ, Орданоски ни изјави: „Ги толкувам како успешно спроведување на стратегијата на режимот, низ успешната соработка меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Ова е уште еден успешен обид да нѐ вратат пред Договорот од Пржино и практично да се реставрира целата структура на моќ која што ја имаа пред Пржино. И тоа им успеа.“
К.Г.