„Владата на Република Македонија има донесено одлука за обесштетување од 100 проценти од проценетата штета на оштетените од поплавите, а тоа го прават многу малку земји во светот“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев.
Тој вели дека се бара начин како да се реши ситуацијата со која Владата наплати 5 милиони денари данок од донациите на Црвен крст.
„Свесни сме за настанатиот предизвик со пресметаниот данок на донацијата на Црвениот крст, но првичните наши информации се дека е постапено согласно законот во вакви ситуации и би сакале да акцентираме дека никој немал ниту намера, ниту цел да одземе нешто што им припаѓа на оштетените, туку едноставно, се дејствувало согласно законот, што е обврска на институциите. Владата има политичка волја да се надмине овој предизвик и затоа побара мислење од институциите кои имаат надлежност во оваа сфера, да не известат за можностите за излезни решенија за надминување на предизвикот“, вели Ѓорѓиев.
Инаку, Владата на Република Македонија во 2014-та година, за средствата од ДДВ на донациите испратени за настраданите во поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина, донесе одлука - ДДВ да се пренамени како нова донација.
Дехран Муратов