Со цел да се промовира големиот спектакуларен концерт на Караванот на слободата во Скопје, тимовите на ЦИВИЛ во средата, спроведоа флеш-моб на плоштадот Македонија. На интересен начин, преку имитација на минувачите активистите го одвлекуваа нивното внимание и ја привлекуваа публиката. Потоа, со нив разговараа за слободата и ги поканија на спектаклот во сабота. Настан што ќе биде повеќе од концерт!