Освен закани и омраза, Груевски не понуди ништо за „народот“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во својот вчерашен говор во спортската сала Јане Сандански, уште еднаш се обиде да поентира дека е единствена политичка фигура која може да ја извлече Македонија од политичката криза. Единствено што постигна е да покаже и докаже дека е проблемот, а не решението на политичката криза која веќе предолго ја измачува Република Македонија.

Користејќи ги медиумите и жените-членки на партијата, Груевски ја претвори конференицијата во општ напад на опозицијата, граѓанското општество и меѓународната заедница, но и на институциите во Република Македонија. Освен закани и говор на омраза, освен гнев и фрустрации, Груевски не му понуди ништо друго на „народот на Македонија“.

ЦИВИЛ – Центар за слобода откри случаи на притисоци и закани врз жените-членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на конференцијата која се одржа на 24 јануари. Жените од ВМРО – ДПМНЕ во Скопје пристигнаа по силните партиски притисоци, закани, мобинг и уцени. Ден пред поаѓање на конференцијата се вршеше проверка по списоци и утврдување на точниот број.

На крајот на конференцијата, според сознанијата на ЦИВИЛ, членките на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ, заминаа измрзнати и гладни. Не се одржа протест пред СДСМ, на „Бихаќка“, иако претходно, во партиските кругови имало најави и за тоа.

Колумната „Груевски – агресивен, гневен и полн со омраза“ на колегата Џабир Дерала е став кој ЦИВИЛ – Центар за слобода во целост го поддржува.

Оваа вест е достапна и на: Albanian