Со индигнација и остра осуда ги отфрламе инсинуациите, лагите, клеветите и скриениот говор на омразата во текстот „(АФЕРА) ДУВЛО ЗА ПРОПАГАНДА (2): Се претставува како невладин активист, а работи за СДСМ!“ објавен на порталот lider.com.mk на Љупче Златев на 9 мај 2020.
Нема потреба дополнително да објаснуваме, туку можеме само да констатираме дека ова е пример за тоа што не е новинарство.
Бараме извинување од lider.com.mk и од сите што го објавиле ова писание.
Очекуваме регулаторните тела и медиумските организации да го осудат овој најнов напад врз ЦИВИЛ и врз новинарот Џабир Дерала и редакциите во кои тој работи.
Очекуваме институциите на правдата, во рамките на нивните законски овластувања и обврски, да преземат соодветни мерки за ваквото дејствување.
ЦИВИЛ Тим за комуникации