На јавната дискусија „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ - Центар за слобода, одржана на 4 април, Билјана Јовановска од ПЕП 21 во својот говор посочи дека ВМРО - ДПМНЕ ги лажира и фалсификува изборите, а во тоа ги поддржуваат и некои медиуми, наместо да бидат критичари.
„Уште во 2010 кажав дека Никола Груевски не е искрен човек, ниту премиер, ниту политичар, континуирано лаже, едно зборува, друго прави, трето мисли. Таквиот негов однос е ист кон граѓаните на Република Македонија, ист кон меѓународниот фактор, ист кон сите политички партии, па дури и кон сопствените членови во неговата партија“, изјави Јовановска.
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=p_H8gExGiKo&list=PL8OKOBhUT4xBTqwyk989YA7ZQD_mKw-ht&index=6[/youtube]
Оваа вест е достапна и на: Albanian