Партиите на чекор до изборен датум

СДСМ и ДУИ се договорија - Љуљзим Азири ќе биде петтиот чле на ад-хок телото за медиумска регулација. Овој договор се постигнува откако ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се повлекоа од преговорите за овој член од Договорот од Пржино и изјавија дека им ја препуштаат одлуката на другите две партии.

Санта Аргирова ќе биде уредничка на Информативната програма на МТВ1. Според Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Аргирова не е независен и непристрасен новинар, туку е партиско решение на СДСМ.

„Аргирова е поранешен шеф на кабинетот на поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева и член на групата „Шарена револуција“, со прилично изразено политичко мислење, политички став и партиска позиција. Со тоа се покажа дека целта на СДСМ е да имаат партиско решение. За да не им даваме можност повторно да ги избегнуваат изборите и тоа да им биде причината повторно да ги одложат или избегнат изборите, ние им го прифаќаме тоа решение“, изјави Груевски.

Груевски вели дека од истите причини, „за да нема СДСМ алиби за одложување на изборите“, ја прифатил и методологијата за мониторирање на медиумите во изборниот процес.

„Ние се залагаме на 11 декември да има избори и од тие причини ги направивме овие чекори, со дел да им ги одземеме сите можни алиби, за да не речат „НЕ“. Сега не гледам ниту една причина поради која СДСМ ќе избегнува избори, барем не некоја причина која што досега ја објавивме. Ќе дојдеме подоцна само да го потишеме договорот“, изјави Груевски, напуштајќи ја средбата.

М.Т.