Како тече изборниот ден на активистите на една партија?
Месец дена пред денот на гласање, најистурените активисти на една партија, имаат обврска да однесат список на сигурни гласачи. По истекување на рокот, кој е зададен од страна на општинскиот комитет, сите списоци се ажурираат и се филтрираат. Така се прави целосната слика со колку сигурни гласови располага партијата.
На денот на изборите, сите врвни активисти имаат задача сите луѓе кои ги имаат запишано во своите списоци, да ги натераат да гласаат до 10 или најдоцна до 13 часот. Во меѓувреме, паралелно, на самите избирачки места, луѓето кои одат да го дадат својот глас, се евидентираат по име и презиме.
Или, поописно: гласачот влегува во избирачкото место, ја дава личната карта на на увид. На тоа место секогаш стои човек од партијата. Лицето кое ја прима личната карта, го чита името и презимето на глас и потоа се извинува. Знае дека не смее тоа да го прави. Тогаш, контролорот, кој е дел од набљудувачите, го запишува. На секои 30 минути контролорот излегува од избирачкото место и списокот на евидентирани луѓе го предава на друго лице, партиски активист. Активистот списокот го доставува до најблиската куќа, штаб или автомобил, каде што има други активисти, кои го имаат целиот избирачки список и вршат евиденција. Оваа постапка се прави до 13 часот. Во 13 часот, лицата кои вршеле евиденција кој излегол да гласа, прават извештај, којго доставуваатдо централниот штаб.
Во централниот штаб се врши обработка на податоците, за да се види колку од сигурните гласачи излегле да гласаат. За да се има вистинска слика и точен резултат до тој момент. Ако, резултатот од обработката на информациите не е во корист на партијата, тогаш следува механизмот на контактирање на евидентираните луѓе од првичните списоци. Следуваат закани по телефон. Ако не успее и овој механизам, тогаш луѓето се извлекуваат од домовите. Активистите одат кај оние кои не излегле да гласаат и ги убедуваат да го направат тоа. Убедувањата се со закани, нудење пари и други матрејални добра.
До овој наш кафкаски круг со креда, што би рекол Бертолд Брехт, дојде еден набљудувач на Цивил.
Оваа вест е достапна и на: Albanian