Партиските подмладоци и понатаму под строга контрола

Националниот младински совет на Македонија викендов во Струга одржа Собрание на кој е избрано ново раководство (претседател, потпретседател и нови членови во Управниот и Надзорниот одбор). Целта на НМСМ е да ги вклучи младите да соработуваат меѓу себе и да носат битни одлуки, без разлика дали се дел од политичка партија или невладина младинска организација.

11666969_1055231577838358_80134827_n

Додека во Струга младите од неколку организации, од здруженија на млади и од помладоците од помалите политички партии правеа стратегија и план врз кои теми и области да се фокусираат и да работат во наредниот период, паралелно, во Скопје се оддржа Годишна конференција на УМС на ВМРО каде што партискиот пoдомладок го слушаше лидерот на партијата Никола Груевски.

Покрај помладокот на ВМРО-ДПМНЕ, во Струга не се појавија ниту помладокот на СДСМ, а од подмладоците на албанските и ромските партии, воопшто немаше претставници!

ЦИВИЛ - Центар за слобода како членка на НМСМ смета дека политичките лидери треба да им дозволат на нивните помладоци сами да носат одлуки и да соработуваат со младинските организации за да се подобри животот и соживотот на младите во државата.

За жал, помладоците на поголемите политички партии се под целосна контрола на нивните лидери. ЦИВИЛ – Центар за слобода ги охрабрува и им дава целосна подршка на младите да се здружат и да соработуваа меѓу себе за да се изборат за своите права.

Дехран Муратов