По Фејсбук статусот на Филип Петровски, со обвинувања за сведокот кој сведочеше на седницата на ДИК, во врска со нерегуларностите на изборите во Теарце, се огласи и меѓународниот посредник во пржинските преговори, Питер Ванхауте.
На објавата на Петровски, Ванхојте кусо искоментира: „Господине Петровски, добро ја разбравме вашата порака! Ова е неприфатливо, дотолку што доаѓа од висок државен функционер. Во нормална демократија, ваквите луѓе веднаш би биле уапсени и затворени на подолг период“.
На тоа Петровски одговори: „Добив закана од мачкарот Ванхојте и тоа со затвор. Ова отприлика објаснува како резонира радикалната левица и што им беше планот со Македонија. Разнебитување и преки суд за неистомислениците. Е па, гос'н Хојте, ние сме имале еден таков тука, се викаше Вукмановиќ Темпо. Он правеше масовни ликвидации на Македонци и патриоти. Така што не кажувате ништо ново. Утре ќе ви одговорам опсежно и директно во видео“.