Пелагонија: Политика во угостителските објекти

Еден од тимовите на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во саботата во попладневните часови ги затекна жителите на Кривогаштани, главно во угостителските објекти. Тие беа пријатно изненадени за посетата на ЦИВИЛ и истовремено отворени за соработка.

Кривогаштанци беа информирани за проектот Напред! и за можноста да бидат објективни и непристрасни набљудувачи на престојниот изборен процес.

Кривогаштани

                                           Кривогаштани, 27 февруари

Вториот тим истовремено беше во Могила каде, исто така, ги затекна повозрасните жители во неколкуте угостителски објекти, а младите, во кафуле со истакнато знаме на ВМРО-ДПМНЕ. Малкутемина могилчани, со кои тимот на ЦИВИЛ разговараше, се пожалија дека тешко се живее и дека луѓето во селото се желни за прмени. Добија информации како можат да се приклучат во мониторинг тимот на ЦИВИЛ за време на изборите и за активностите поврзани со проектот Напред!.

ЦИВИЛ спроведува целосен, сеопфатен, непристрасен и објективен мониторинг на подготовката и на текот на целиот изборниот процес и на почитувањето на гласачкото право. Во тек се активности за селекција, ангажирање и едукација на долгорочни, краткорочни и граѓански набљудувачи на изборниот процес во Република Македонија.

Проектот се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ, а е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian