По пријави од ЦИВИЛ, МТСП утврди дека на штитеници во старски домови им се одземани лични карти!

Во домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ во Прилеп и во домот во Куманово, тимови на Министерството за труд и социјална политика, констатирале дека на дел штитеници им се одземени лични карти, коишто им се неопходни за да го остварат своето гласачко право, појава на којашто посочи ЦИВИЛ, деновиве. Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски, на денешната прес-конференција, истакна и дека дел штитеници во домовите, изјавиле дека своите документи за идентификација им ги предале на нивни блиски роднини.

[youtube width="600" height="344"]http://www.youtube.com/watch?v=YSp24mupxE0[/youtube]

Министерката Ташевска Ременски, најави дека наскоро ќе биде извршен надзор и врз работата на домот „13 Ноември“ во Скопје. По овие надзори, таа најави дека ќе бидат извршени дополнителни контроли во домовите. Но, како што рече за оваа состојба се известени и веќе се доставени барања за постапување на надлежни органи, конкретно полициските станици. Ташевска Ременски порача дека сите манипулации со штитениците ќе бидат спречени, а против прекршителите на законската регулатива ќе бидат преземени конкретни мерки.

Моника Талеска

Камера: Дехран Муратов