По прекинот предизвикан од жестока караница, ДИК продолжува да ги одбива приговорите на Беса

По жестоката караница меѓу партиските членови во ДИК, Силвана Бонева и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ и Игор Милев и Виолета Дума од СДСМ, претседателот Александар Чичаковски ја прекина седницата и даде пауза за да се намали тензијата.

ДИК со два гласа „за“ и седум „против“ го одби како неоснован и вториот приговор на Беса кој се однесува за изборните места 1119/1 1120 во Липково, поради регистритрани неправилности во постапката за гласање: групно и фамилијарно гласање, јавно гласање надвор од параванот, вршење притисок и агитирање пред гласачкото место и во ходникот. Причини за одбивањето, според седумината членови на ДИК се - дека за приговорите немало докази, дека не се поднесени приговори до Општинските изборни комисии навреме, на денот на изборите, како и дека овластените претставници на партиите што биле на избирачкото место го потпишале записникот.

И третиот приговор на Беса, за избирачкото место 2340 во село Грушино, Општина Арачиново, каде записникот бил потпишан само од два члена на Избирачкиот одбор, еден човек гласал за повеќе лица, а членовите на ИО „не ставиле печат на гласачки ливчиња“, сепак, беше одбиен со четири гласа „за“ и пет гласа „против“. Во хаотичната ситуација, се слушнаа дури и коментари дека се „работело за само 3 ливчиња“ кои немале печат!

По жестоката караница меѓу партиските членови во ДИК, Силвана Бонева и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ од една, и Игор Милев и Виолета Дума од СДСМ, од друга страна, претседателот Александар Чичаковски ја прекина седницата и даде пауза за да се намали тензијата.

Иако за групното и семејно гласање и агитирање пред избирачкото место, перманентно бил контактиран кол-центарот на ДИК, од каде немало никаква реакција, според членката на ДИК Бонева, не треба да се расправа за приговорот зашто набљудувачот на Беса на избирачкото место, како и другите партиски набљудувачи, не навеле проблеми и го потпишале.

И приговорот на Беса за Избирачкото место 2339, во село Орланци, Општина Арачиново беше одбиен.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish