Побрзајте! Рокот за пријавување на изборни набљудувачи истекува денес!

Краен рок за пријавување на изборни набљудувачи е денеска во 16 часот.

Апликација за пријавување на изборните набљудувачи  е онлајн и можете да ја најдете на civilmedia.mk i civil.org.mk  и ве води до веб страницата #СлободниИзбори.

Искористите ја можноста да бидете дел од мониторинг тимот на ЦИВИЛ и заеднички да дадеме свој придонес кон слободни и демократски избори.

Голема благодорност до сите граѓанки и граѓани што досега аплицираа. Иако бројката на потребни набљудувачи е одамна надмината, ЦИВИЛ ќе даде сè од себе сите да бидат вклучени.

Освен на онлајн апликацијата, отворена е можноста кандидатите да се пријавуваат и преку електронска пошта на [email protected] или на Фејсбук страницата за #СлободниИзбори, но може да дојдат и лично во седиштето на ЦИВИЛ. За повеќе информации, граѓанките и граѓаните можат да се јавуваат на телефонот 02 / 520 91 76.