Поттикнувањето на национализмот во Македонија продолжува да се смета од страна на одредени политички партии како едно од најефикасните средства во прибирањето гласови во текот на изборите. Има и такви кои сметаат дека оваа „игра“ може да биде опасна и дека го спречува развојот на земјата. Во продолжение ви ги претставуваме ставовите на неколку партиски лидери, искажани на собири или интервјуа, во текот на кампањата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер, Никола Груевси, во последната емисија „Јади бурек“ на телевизија Сител 3 уште еднаш повтори дека посакува 62 пратенички мандати, за да не биде условуван од ДУИ. Мнозинството ова го сфаќаат како желба да се создаде влада без Албанци.
Од друга страна, лидерот на ВМРО – Народна Партија, Љубчо Георгиевски, на средбата со граѓаните во Гостивар и Тетово рече дека другите партиски лидери им се обраќаат само на своите етнички групи. „Ние сакаме јасно да им истакнеме, особено на ВМРО-ДПМНЕ, дека во Македонија нема простор за меѓуетнички тензии и дека треба да се соочи со реалноста. Од Ѓорче Петров до Ќафасан, едвај 25 посто од граѓаните се Македонци и ако имаат желба да се покажат патриоти во Кисела Вода, Центар или во Аеродром, треба да знаат и за малцинството кое живее во западна Македонија.
Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, на собирот во Кондово, изјавил дека Македонија не е само православна или македонска, туку и албанска и муслиманска. „Нас не обвинуваат дека немаме идеа ниту платформа, но нашата идеа е јасна – без да ги доведеме Македонците во лоша состојба, без да потклекнат, не разговараме за нашата позиција“. Тој, исто така, ја обвини партијата на власт дека вработила пет илјади Македонци, а од друга страна три илјади Албанци.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, посети неколку градови и села, во кои мнозинство се Албанците, како што се Арачиново и Орланци. Заев изјавил дека (ако сме единствени, ние ќе станеме граѓани на една модерна и напредна држава. Во оваа земја има соживот, но нема живот. Нас не загрижуваат економските проблеми, од кои зависат сите семејства во Македонија“, изјавил Заев, пред жителите на Арачиново и Орланци“.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, реши да ги бојкотира претседателските избори, незадоволен од одбивањето на неговото барање за избор на претседател со консензус помеѓу албанските и македонските партии. Ахмети изјавил дека ниту еден Македонец не треба да се плаши ако еден Албанец биде претседател на државата.
Арбана Ќерими
Оваа вест е достапна и на: Albanian