Политиката за заштита на личните податоци се однесува на користењето и обработката на податоците кои со Ваша предходна согласност стануваат достапни на контролорите на збирката на личните податоци, како и оние лични податоци кои се веќе достапни на социјалните мрежи кои ги користите. Со Политиката за заштита на личните податоци се осигурува приватноста и сигурноста на Вашите податоци кои се исклучиво наменети за користење и обработка за наведените цели.

Прибирањето на податоците се врши со согласност со прописите за заштита на личните податоци. Со влегувањето и дадената согласност на интеракциите Вие се согласувате со условите дефинирани во оваа Политика за заштита на личните податоци (Политика).

 

  • Обем на обработката на податоците и целта на ракување со податоци

 

Целта на користењето и обработката на податоци од страна на контролорите на збирката на личните подаците е дирекна комуникација на документираните параметри на социјалните медиуми на претплатениците на бот опцијата или оние претплатеници кои се регистрирале на објавените консултации и петиции. Прибирањето на податоци се врши исклучиво со предходно прибавена согласност и волонтерски од страна на посетителите, претплатениците и регистрантите за да може да се понудат информации и услуги за нив. Податоците се користат за праќање на повратни информации на претплатениците во базата на пораки, реклами и бот-емитувања. Вашите податоците исто така можат да се користат и за статистички операции, како и анализарање на податоците.

 

  • Видови на податоци кои ние ги собираме

 

  • Информации за контакт преку кои ние можеме да комуницираме со Вас, Вашето име, e-mailили поштенска адреса, телефонски броеви, Facebook, Messenger ID или други адреси кои овозможуваат праќање и комуницирање на пораки, географски локации и демографија, производи и услуги што Ве интересираат и други комерцијални информации.
  • Собирањето на овие податоци се врши преку пополнување на формите и интеракциите на социјалните медиуми како што се Facebook, Messenger, Twitter, Instagram и други социјални медиумски канали.
  • За вклучување во интеракциите некои од податоците можат да бидат задолжителни, а некои од нив можат да бидат поставени како доброволни за споделување. Пополнувањето на бараните задолжителни податоци eпредуслов за вклучувањето во интеракцијата.

 

  • Пристап до податоци и мерки за обезбедување на безбедно ракување со податоци

 

Собирањето на податоците се врши со Вашата интеракција преку Вашите профили на социјалните мрежи и електронската пошта. Податоците се прибираат со Вашето претплатување, регистрирање или на било каква интеракција со нашите алатки за комуникација со Ваша согласност.

Со цел заштита на податоците, претплатниците се запознаваат со политика на прибирањето на подаците преку овaa Политика пришто корисниците и претплатниците се информирани за целта на користењето и прибирањето на податоците, воедно контролорот на збирката на податоци се обврзува на задолжително давање на одговори на поставени прашања, како и исправка на податоците кои се однесуваат на корисниците и претплатниците.

За чувањето на Вашите податоци ние користиме адекватна административна и техничка заштита која гарантита сигурност.

 

  • Прашања во врска со користењетo и собирањето на податоците

 

Корисните и претплатниците можат да бидат информирани за целите, категориите на корисници на личните податоци, изворот на податоци, правната основа за обработка и автоматизираната обработка во случај на таква обработка пришто контролот во случај на прашања има обврска да одговори во рок од 15 дена од приемот на прашањето. На исто поставено прашање контролот нема обврска повторно да одговори на ист корисник или претплатник, освен во случај на изминување на шест месеци од доставување на првото прашање.

 

  • Промена и чување на Вашите податоци

 

Личните податоци се собираат правично, точно со соодветни мерки за бришење и коригирање на податоците коишто се неточни, имајќи ги во предвид целите за коишто се собираат податоците. Чувањето на податоците се врши за периодот кој е потребен за исполнување на целите поради кои се собраните податоците, но не подолго од 3 години. По изминувањето на наведениот период, истите можат да бидат употребени само за историски, научни и статистички цели.

 

  • Контролор на податоци

 

Контролор на збирката на податоци е ЦИВИЛ, при што се гарантира дека Вашите податоци нема да бидат трансферирани со намера да се оствари профит и нема да бидат користени за друга намена, освен целта која што е опишана во оваа Политика. Како подизведувачи на збирки на податоци како трети лица може да се појават процесори на податоци регулирани соодветно на GDPR. Споделување на информациите со третите лица се однесува на дистрибуција на интеракции и промотивни пораки.

 

  • Користена терминогогија

 

Контролот на збирката на податоци, се однесува на субјектот кој го утврдува начинот на собирање, користење и обработка на податоците.

Обработка на лични податоци, се однесува на операцијата која вклучува собирање, организирање, користење и бришење на податоците.

Трето лице, се однесува на поизведувачот на збирката на податоци со кого податоците може да се споделуваат.

Збирка на податоци, се однесува на организираниот начин на чување на податоците на безбедносно место.

 

  • Контакт и бришење на податоците

 

Корисниците и претплатниците го задржуваат правото во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивните лични податоци за целите на дигиталниот маргетинг со известување на официјалnата мејл адреса [email protected]. Доколку нѐ информирате дека сакате Вашата согласност да биде повлечена, Вашите податоци ќе бидат избришани од системот при што автоматската интекација ќе биде оневозможена.

Политиката за заштита на личните податоци повремено може да биде менувана и дополнувана.