Политиката ја урива слободата на уметниците

ЦИВИЛ Медиа разговараше со сликарката Касиопеја Наумоска колку политичката состојба влијае врз животот на уметниците. Таа вели дека сликите се показател за времето во кое  се живеело и политиките кои ги воделе државите. Наумоска додава дека сликите остануваат да сведочат, за што се пример и врвни уметнички дела од познати автори во разни светски галерии, што  до ден-денес имаат непроценлива вредност.

„Оваа политичка состојба влијае кај сите уметници различно. Верувам дека многу влијае посебно  на  една генерација на која и припаѓам и јас. Ние бевме во расчекор 20-тина години  и тоа носи печат во било кое творештво, а не само во ликовната уметност“, изјави Наумоска.

На уметничката работилница „Боите на слободата“ повеќе уметници, сликаа на тема „Слобода“ во „Кампот на слободата“ пред Владата.