На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод одржан на 26-ти ноември, со партиски обележја, транспаренти и знамиња се забележани двајца малолетници, кои, според граѓанскиот новинар, биле ангажирани и за други партиски активности.
На фотографијата што ни ја испрати граѓански новинар кој сакаше да остане анонимен, меѓу членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод, се и малолетните лица.
Граѓански новинари и досега известуваа за ЦИВИЛ, за случаи во кои подмладокот на некоја партија, и на ваков начин регрутира малолетници и ги „подготвува“ за влез во партијата.