Поповска: Постигнати се минимални услови за пристојни избори!

Лилјана Поповска од ДОМ, на конференцијата „Слободни избори 2016“ во организација на ЦИВИЛ - Центар за слобода, потенцираше дека со уникатната можност сите партии да имаат увид во Избирачкиот список, можно е да се влијае врз гласањето на „фантомите“.

 

„Не очекувам спектакуларни промени, ова ќе биде прва фаза на демократизација на Македонија. Според ИРИ, 64 отсто од граѓаните се опозиционо настроени, а тој процент сега е зголемен и на 70 отсто, но, овие гласови ќе бидат разнебитени, зашто ќе се вршат големи притисоци“, изјави Поповска.

Иако истакна дека не сака никого да дестимулира или демотивира, таа рече дека на изборите не очекува многу голема разлика меѓу двете главни коалиции во македонскиот блок, но ги повика сите граѓани да гласааат и да ги казнат партиите од власта заради сé она што се слушна од „бомбите“.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian