ЦИВИЛ - Центар за слобода за потребите на проектот „Слободни избори за слободни граѓани“ (Free Elections for Free Citizens), спроведе онлајн анкета, со прашања кои се однесуваат на изборите во Република Македонија.
Анкетата се спроведува од 24-ти јули и ќе заврши денеска (11 август) на полноќ.
Досега анкетата ја пополниле над 300 граѓани од сите етнички заедници.
ЦИВИЛ - Центар за слобода апелира до граѓан(к)ите да издвојат 2-3 минути за да го пополнат онлајн прашалникот, бидејќи секое мислење е од голема важност за понатамошното анализирање на резултатите.
Анкетата може да ја пополните на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/1Eh_5wfazLqYy3HRY3JEEJDjEVsbv50sojWlrgf4HHEw/viewform
Оваа вест е достапна и на: Albanian