На мултимедијалниот настан „За слобода на изразувањето“, посветен на слободата на изразувањето и слободата на медиумите, на граѓанското новинарство и на активизмот, што се одржа во средата на 1 јуни кај споменикот на Мајка Тереза во Скопје, стихови за слободата говореа поетите Александра Спасеска, Коста Карев, Марија Џонс и Џабир Дерала.
Поетесата Александра Спасеска прочита една своја песна и една песна на поетот Александар Миновски, еден од илјадниците млади луѓе кои ја напуштија Македонија.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=DrqReHY966Y[/youtube]
Поетот Коста Карев од Гевгелија, ја прочита својата песна „Два милиона евра годишно“.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=ZHL5ogGnmJ4[/youtube]
Преведувачката Марија Џонс ги говореше стиховите од песната „Синовите на новиот век“ на албанскиот поет Миѓени, во превод на македонски јазик на Гане Тодоровски.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=muL2WrQG6x4[/youtube]
Поетот Џабир Дерала ја прочита песната „Се уште го посетувам стариот крај“, од стихозбирката „Кој ќе ја плати сметката“, посветена на Тамара Димовска.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=2Vbe1TCXKnA[/youtube]
Мултимедијалниот настан е дел од проектот „Граѓански објектив“ кој ја отвора можноста за јакнење на граѓанското новинарство во Република Македонија во време на информативниот мрак, давајќи им можност со својот придонес граѓанските новинар(к)и да влезат во историјата на објективното известување, удирајќи им шлаканица на националните медиумски сервиси. Настани за слободата на изразувањето се одржаа и во Тетово, Битола и Струмица.