Повик до демонстрантите: Бидете и граѓански новинар(к)и!

Денешните протести за воспоставување на правната држава во Македонија, се воедно и можност за граѓанските новинарки и новинари, како директни учесници да дадат свој придонес во заедничката борба против режимот,  да ги документираат случувањата и да информираат за нив во истиот момент.  Бидете активен дел од промените! Учествувајте во креирањето на подобра иднина! Искористете ги своите вештини за снимање, фотографирање и известување., и придонесете кон заедничката цел – Македонија да стане попристојно место за живеење!

Секоја снимка, фотографија и информација, можете да ни ја испратите во порака на нашата Фејсбук страница и така да станете дел натпреварот „Биди граѓански новинар“, што се одвива како дел од проектот „Граѓански објектив“

Доколку така решите, Вашите информации ќе бидат објавени и на нашиот сајт, потпишани или анонимно.