Повторно боја за Триумфалната, детергент за фонтаната на Александар!

На денешните продемократски протести, демонстрантите по пристигањето пред Собранието, се упатија кон плоштадот „Македонија“.

И овој пат, како во претходните денови, револтирани демонстранти повторно ја „обоија“ Триумфалната капија.

На овој протест и нова акција: во „барокната“ фонтана на споменикот „Воин на коњ“, беше фрлен прашок за перење „Билјана“, како симболика на обвинувањата за големата пералница на пари - „Скопје 2014“.

По престојот на централниот градски плоштад, демонстрантите се упатија кон Министерството за култура.

Оваа вест е достапна и на: Albanian